Вознемирувачко видео од Рио де Жанеиро го прикажува моментот кога една жена го полила со алкохол на својот сопруг и го запалила. Ана Марија Паикао го призна шокантниот чин, за кој се вели дека довел до смрт на Андре Луис де Аморимо Чапета од изгореници од прв степен четири дена по ужасниот напад, пишува Мирор.
Безбедносната камера ја снимила Ана Марија како му приоѓа на својот 50-годишен сопруг, полевајќи го со запалива течност за која се вели дека е алкохол пред да го запали со запалка. Потоа се гледа како тој трча од задната страна на деловниот простор во Рио де Жанеиро, Бразил, кон бањата за да се обиде да го изгасне пламенот.
Полицијата потврдила дека бесот на жената бил предизвикан од „љубомора“, но таа била ослободена неколку часа по апсењето. Медиумите засега немаат информации дали таа сега е зад решетки.
Нападот се случи во раните утрински часови во понеделникот во просториите на продавница за риби во областа Жардим Америка во Рио де Жанеиро, вториот најнаселен град во Бразил. Андре Луиз поминал четири дена во болница, но четири дена подоцна починал.
Шефот на полицијата Флавио Фереира рече дека видеото јасно покажува што се случило.
– Тоа што таа го кажува не е исто како што се гледа на видеото. На видеото се гледа како жртвата седи на стол. Таа доаѓа „мртва ладна“, ја фрла течноста и ја пали. Таа во тој момент не била во ранлива ситуација, не била во ситуација неизбежно да биде нападната. Напротив, како што кажав, тој седел и во тој момент не претставувал никаков ризик за нејзиниот физички интегритет – изјави началникот на полицијата.
Истрагата, која првично беше категоризирана како обид за убиство, сега е прекласифицирана како „убиство со сурови средства“ според бразилскиот закон, кој се користи за дефинирање на оние убиства во кои убијците им нанесуваат „интензивно и непотребно страдање на своите жртви за да го добијат посакуваниот резултат.
Brasil.
En un establecimiento comercial de Río de Janeiro, Ana Maria Paixão, arrojó un líquido inflamable a su esposo André Chapeta de 50 años y posteriormente lo prendió fuego por presuntamente celos, el masculino estuvo Internado en un hospital pero no sobrevivió a sus heridas pic.twitter.com/wLeg3UpulN
— LuisSucesosLuis (@LuisSucesosLuis) December 9, 2023