Ми беше чудно што фестивалот беше организиран толку блиску до границата со Газа, но заклучив дека организаторите ќе кажат ако е опасен“.
На првото видео кое се рашири на интернет по нападот на Хамас врз фестивалот во Израел, таа носеше црвена марама и заедно со уште десетици други преплашени посетители на фестивалот избезумено трчаа да се засолнат. Потоа се качиле во задниот дел од автомобилот кој ја однел на безбедно.
Светот со недели се прашуваше дали успеала да побегне и да преживее, а сега „Дејли Мејл“ ја пронашол и разговарал со неа.
Станува збор за Влада Патапов, 25-годишна мајка на едно дете, родена во Украина, која сега живее во Ашдод, Израел, каде работи како планер за свадби.
Додека го опишуваше кошмарот низ кој поминала на фестивалот, Влада повремено прснуваше во солзи.
Поголемиот дел од тој ужасен ден, таа била одвоена од нејзиниот партнер Матан, гледајќи ги нејзините пријатели како бегаат од вооружените напаѓачи. Поминале речиси 24 часа пред да се врати дома и конечно да ја прегрне својата тригодишна ќерка Роми.
Hamas began the attacks and unspeakable atrocities on Saturday morning, sparking widespread panic at an all night rave. The all-night Supernova festival is three kilometres from the Gaza-Israel border and celebrates Sukkot, a Jewish holiday. pic.twitter.com/NyWJtYqOEW
— The Australian (@australian) October 8, 2023
„Досега навистина не сум зборувала за тоа што се случи, сè уште е многу болно. Со семејството го споделив ужасот од тој ден и сѐ уште му благодарам на Бога секое утро што сум жива“, изјави Влада.
„Понекогаш се чувствувам виновна што преживеав, додека други не. Она што ми се случи можеби траеше само 18 часа, но за многумина болката сè уште трае и продолжувам да размислувам за заложниците сè уште во Газа. Не смееме да ги заборавиме“, рече таа
Чудно е, вели таа, што воопшто не сакала да оди на фестивалот.
„Матан ги доби билетите, отидовме со пријателка, но цело време имав чувство дека нешто не е во ред. Роми беше многу тивка тој ден, а обично постојано трча наоколу и си игра со своите играчки, но тој ден беше мирна. Сега сум сигурна дека таа претчувствуваше дека нешто страшно ќе се случи“.