Девојчето од американската држава Висконсин е прогласена за исччезната по бруталното убиство на нејзините родители пред три месеци. Била најдена по 87 дена од страшното убиство .
13 – годишната Џејми Клос се појавило на 112 километри од местото на убиството на нејзините родители. Ја нашла жена во гратчето Гордон , додека го шетала кучето и тоа 112 километри подалеку од нејзиниот дом. Девојчето побарало помош од жената , која заедно со неа се стрчала до првата куќа од каде повикале итна помош. Џејми била изгладнета и запуштена, а на нозете имала преголеми чевли.
Луѓето од чиј дом се јавила ја прашале и за киднаперите, но девојчето преплашено рекло само дека ја грабнале во автомобил , по што жената ги препознала грабнувачите. Таа им кажала дека ја заклучувале и криеле за да не може да се спаси, но не раскажало како им избегала. Полицијата соопшти дека еден од грабнувачите бил уапсен само 10 минути откако било најдено девојчето.
Инаку, нејзините родители биле убиени на возраст од 56 и 46 години, по што девојчето беше прогласено за исчезнато. Тие биле застрелани додека спиеле во еден часот по полноќ.