Двајца сноубордери загинаа во лавина во Банско, поточно кај врвот Тодорка на Пирин. Кога спасувачите пристигнале на местото на несреќата, тие веќе биле починати, објави „Макфакс“.
Според „Блиц.бг“ загинатите се момче и девојка и двајцата бугарски државјани. Несреќата се случила околу 12 часот. Лавината ги влечела загинатите 800 метри.
Бугарските медиуми пишуваат дека по обилните снежни врнежи, опасноста од лавини на планините е зголемена.