Овен
Вашиот финансиски успех во последно време може да ви изгледа премногу одличен за да биде вистинит. Ќе добиете поттик за уште еден чекор напред. Бидете задоволни со самите себе. Ако се чувствувате несигурни немојте да се плашите. Тоа е само моментална фаза. Овој период е одличен за инвестирање на пари.
Бик
Летате многу високо и уживате во успехот кој го постигнавте во изминатиот период. Денес би можеле да постигнете уште една цел која ќе придонесе да ја зголемите самодовербата и самопочитувањето. Сега е вистинскиот момент да испланирате дополнителна едукација. И понатака имате потреба да ги проширите вашите хоризонти. Тоа е многу позитивно, продолжете така.
Близнаци
Вратете им се на забавните активности и подарете си безгрижен ден, исполнет со друштвени средби. Денес Меркур, планетата на комуникацијата, влегува во Водолија, вашиот сектор на пријателите и групните активности, каде ќе остане до крајот на месецов. Тоа значи дека ќе бидете неуморни кога станува збор за социјализирање. Некои Близнаци ќе бидат домаќини на приватна забава која долго ќе се споменува.
Рак
Убавиот збор железни врати отвора. Бидејќи вербално во толкава мерка се испразнивте, носите одлука да бидете помили и поодмерени во комуникацијата со околината. Немате време за губење, зашто новата работа и инвестициите премногу ве окупираат за да се посветите само на тоа. Другите работи се во втор план. Но, сепак внимавајте на вашето однесување со околината, премногу сте емотивни.
Лав
Премногу очекувате од моменталната ситуација. Морате да заземете практичен став кон проблемот. Вие сте личност која има смисла за конкретни работи. Кога е така, тогаш однесувајте се според тоа. Морате подобро да ги проценувате луѓето, за подоцна да не се каете. Помалку озборувајте.
Девица
Во вас ќе врие позитивна енергија, која ќе ве исполни со оптимизам и желба за авантури. „Виновник“ за тоа е Меркур, вашата планета владетел, кој ќе започне тринеделно патување низ вашиот сектор на оптимизмот, авантурите и патувањата. Некои Девици ќе имаат можност да отпатуваат некаде. Ќе бидете незапирливи кога ќе наумите да направите нешто. За среќа, ве очекуваат само пријатни мигови.
Вага
Дозволете и на љубовта да ви го разубави денот. Денес Меркур, планетата на комуникацијата, ќе влезе во вашиот сектор на сериозните врски и обврзувањето, носејќи ве што поблиску до саканиот. Доколку сте во врска, ќе комуницирате хармонично со саканиот и ќе се поврзете уште посилно преку искрени и забавни разговори. Доколку не сте во врска, ова е одличен момент за оформување на нова.
Скорпија
Како денов ќе се ближи кон својот крај вие ќе бидете во се подобро и подобро расположение со што викендов ќе го поминете во навистина одлична атмосфера, опуштени, со убави луѓе околу вас. Не се оптеретувајте со работата, оставете го тоа за понеделник. Внимавајте на вашите пријателства, некого постојано го игнорирате.
Стрелец
Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале и пред празникот. Можеби тоа ќе бидат и од друго место, сосема неочекувано, но не и изненадувачки. Уживајте во средствата но не ги трошете сите, ставете некој денар на страна.
Јарец
Денес ќе бидете позборлести и подружељубиви од вообичаено. Меркур започнува тринеделно патување во вашиот сектор на комуникацијата, инспирирајќи ве да остварувате контакти со што повеќе луѓе. Иако празничната еуфорија стивна, вие ќе ја оживеете со вашата желба за забава. Некои Јарци може да запознаат потенцијален партнер на културен настан во рамките на местото на живеење.
Водолија
Влеговте во поповолен период, па се ви изгледа поедноставно. Очекувате многу од некои случувања врзани за странство. Некаков повик од далеку или писмо ќе влијае на некои ваши одлуки. Од корен го менувате пристапот кон проблемите, зашто стимулансите стигнуваат кога најмалку се надевате. Мотивирани сте за нови почетоци.
Риби
Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.