Украинка шокираше со својата изјава: Против Русинки играм како да сум во војна!

by Тони Зографски

Најдобрата украинска тенисерка Елина Свитолина во интервју кажа дека секогаш дава сè од себе на теренот, а посебно е мотивирана кога против себе има руска или белоруска тенисерка.

Во тек е воениот конфликт меѓу Украина и Русија, аСвитолина кажа дека против Русинките се бори како војник на бојно поле.

„Кога играм против Русинки, се борам како украински војник на бојно поле“, вели тенисерката.

Откако почна нападот од Русија врз Украина, таа не пропушта можност да ги критикува нејзините колешки од спротивната страна на границата.

„Кога играм против нив, се чувствувам како да е војна. Кога ќе излезам на теренот против нив, чувствувам дополнителна мотивација“, кажа Свитолина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com