Двајца маскирани разбојници ограбиле пошта во Милешево кај Бечеј. Според информациите од полицијата, тие се заканиле кон вработениот со пиштол.
После тоа, му одзеле 700 евра и неговиот мобилен телефон, а за среќа, за време на кражбата немало повредени луѓе.
Полицијата информираше дека ги преземаат сите мерки за разбојниците да бидат фатени и против нив да биде поднесена соодветна кривична пријава.