Два бели ковчега и три урни во облик на срце, со фотографии пред нив, беа поставени на мисата на преполната црква Свети Казимир на погребот на петте тинејџерки кои загинаа во пожар додека славеле роденден во Полска. Тие по мисата на кои присуствувале стотици луѓе, беа закопани на гробиштата во Козчлин.
Инаку, петте тинејџерки загинаа во пожар кој избувна во таканаречена „Ескејп рум“ во северна Полска. Во играта „Ескејп рум“, учесниците се затворени во една просторија, а за да излезат од неа мораат да решат повеќе загатки. Дечкото кој побегна од собата е уапсен и обвинет за свесно предизвикување на пожар. Ако биде осуден би можел да добие затворска казна од осум години.