Рускиот свештеник Михаил Зубарев (40) наводно ја обезглавил својата сопруга пред нивната преплашена осумгодишна ќерка во страшно убиство за „Ноќта на вештерките“.
Полицијата соопшти дека го пронашла черепот на жената во замрзнувач, според извештаите во Русија.
Зубарев е во притвор по крвопролевањето во кое беше убиена неговата сопруга Викторија.Нивната ќерка и син Данил (17) се хоспитализирани и добиваат психолошка помош во градот Нижнекамск, во регионот на Татарстан.
Зубарев „претрчал со сечилото преку вратот на Викторија“ пред да го распарчи нејзиното тело.Облеена во крв почнала да се моли повикувајќи ја својата ќерка да им се придружи.
Вознемиреното девојче телефонски му се јавила на постариот брат за да го замоли да се врати во семејната куќа, а тој набрзо пристигнал.Свештеникот ја ставил отсечената глава на сопругата во замрзнувач и ја пронашла неговата ќерка.