Официјалната палестинска телевизија соопшти дека нејзинот репортер во Појасот Газа, Мохамед Абу Хатаб, загинал денеска кога израелски проектил ја погодил неговата куќа.
„Колегата Абу Хатаб падна како маченик со членовите на неговото семејство во израелското бомбардирање на неговата куќа во Кан Јунис“, јави „Палестајн ТВ.
Во своето последно телевизиско јавување,денеска, на 27 ден од војната меѓу Хамас и Израел, 52-годишниот Абу Хатаб информира дека „мртовечниците се полнат со маченици“, а други тела се под урнатините.
Според Палестинската асоцијација на новинари, најмалку 27 палестински новинари се убиени во Појасот Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври, со нападот на исламистичкото движење врз израелска територија.
фото:ЕПА