Вирусот се пренесува по воздушно – капков пат (при кивање и / или кашлање)или преку директен контакт со секретот од носот или грлото.
Инкубациониот период просечно изнесува 10 – 12 дена, а може да седвижи помеѓу 7 и 18 денови. Почетокот на болеста се карактеризира сотемпература, малаксаност, црвенило на очите , течење на секрет од носот икашлање. Карактеристичниот исип се јавува на лицето 2 до 4 денови од почетокотна симптомите. Во овај период телесната температура може да биде и до 40,5 ° Ц и исипот се шири потелото и екстремитетите, а се се губи по 4 до 6 дена. Лицата заболени од малисипаници се најзаразни 2 до 4 дена пред и 4 дена по појавата на исипот.
Во Република Македонија имунизацијата (вакцинација и ревакцинација) противова заболување е задолжителна и континуирана во тек на целата календарскагодина согласно постоечкиот годишен Календар за задолжителна имунизација.