Терористичкиот напад во Брисел ја крена на нозе цела јавноста во оваа земја, но паниката се префрли и во околните држави кои изминатите години прифатија голем број иселеници од различни земји.
Француските политичари денеска на јавноста во оваа земја објаснувале како биле прочистени многу групи на ИСИС во изминатиот период, но министерот за внатрешни работи дал една изјава која брзо стана топ тема и во спорската јавност.
Жералд Дарманин го поврзал Карим Бензема со дејствија во позната терористичка група која делува и во Франција, па оваа изјава го стави напаѓачот во средина на скандал после објавата која ја имаше и за воениот конфликт во Газа.
Бензема пред неколку дена се молеше за загинатите невини луѓе во Газа и Израелците му испратија жестоки напади, а сега пристигна изјава дека е поврзан со озлогласената терористичка група „Hermanos Musulmanes“.
– Затворивме 1100 исламистички претпријатија во изминаите неколку седмици и се бориме против тоа. Треба сите да работиме против тероризмот, истото важи и за господинот Карим Бензема кој како што сите знаеме, има потесна врска со озогласената група „Hermanos Musulmanes“, – гласи изјавата на министерот за внатрешни работи која предизвика бура во Франција.