Семејството на Израелката Моран Јанаи е загрижено за нејзиниот живот и моли за помош откако милитантите на Хамас ја киднапираа на 7 октомври на музичкиот фестивал Супернова. 40-годишната Јанаи е дизајнер на накит и имаше штанд на музичкиот настан. Роднина на Јанаи, актерот Ден Мор, изјави дека последен пат семејството имало контакт со Јанаи на денот на нападот, кога таа се обидувала да побегне.
„Околу седум часот наутро му се јави на татко и и рече дека пукаат во нив. Потоа, мислам, околу 8:30 разговараше со мајка си. Таа и рече да се сокрие. Потоа изгубивме контакт“, рече Мор, а пренесува 9Њуз.
Семејството потоа виде снимка од киднапирањето на Јанаи на социјалните мрежи. Во него 40-годишната жена преплашена седи на земја, а над неа двајца мажи разговараат на арапски.