Најмалку 21 лице загина вечерва во страшна несреќа кога автобус излетал од надвозникот Либерта во италијанскиот град Местре, по што се запалил.
Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, меѓу кои и две деца, од кои некои се јагленисани, додека четириесетина лица се повредени.
Според тамошните медиуми, петмина повредени малолетници се пренесени во болница.
Автобусот испаднал од надвозникот и се запалил.
РАИ пишува дека две деца се меѓу 21 жртва во несреќата во автобус во Местре. Според полициски извори, телата на двете деца веќе се извадени. Меѓу 18-те повредени има уште три деца. Петмина повредени од кои двајца малолетници се во болницата во Тревизо, додека уште еден малолетник со возило на брза помош е пренесен во болницата во Падова. Останатите 12 се наоѓаат во Местре. Жртвите се уште не се идентификувани, но се чини дека станува збор за странски туристи од различни националности.
„Изгледа како обичен автобус, но се користеше за превоз на туристи до кампот. Се чини дека во него имаше многу странци, меѓу кои и деца. Најдовме неколку украински документи. Ги изнесуваат последните тела“,. изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро за RaiNews по повод несреќата во Местре.