Над банкина на автопатот кај Трст е пронајдено осакатено тело на непознат маж.
Мажот бил пронајден врзан и со врзани очи. Тој имал рани по телото и видливи знаци на тортура. Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено обесено над заштитната ограда од надворешната страна на патот. Телото случајно го откриле работници за одржување.
Жртвата е на возраст од 40 до 50 години. Наводно на черепот се видливи кружни изгореници. Вратот на мажот бил врзан за заштитната ограда со јаже, а нозете му биле врзани со самолеплива лента. Носел црна маица и каки панталони. Јажето наводно било прицврстено со штипки на заштитната банкина. Во близина е пронајдена и лента која најверојатно била користена за врзување на нозете.
Состојбата на телото сугерира дека тоа било таму најмалку неколку дена. Жртвата не е од темна раса, иако не е исклучено да е со темна боја. Засега не се знае дали се работи за италијански или странски државјанин.
Местото на злосторството и начинот на кој телото било обесено, како што пишуваат италијанските медиуми, наведува на заклучок дека станува збор за јасна порака што убиецот или убијците му ја испратиле на некој друг.
Телото го извадиле пожарникарите со помош на скала, пишува италијанска Ла Република.
Пристигнала екипа на цивилна заштита која поставила теренски шатор за да може телото да биде прегледано. Истрагата започнала со прегледување на снимките од камерите поставени покрај автопатот, по кои за неколку минути се преминува границата со Словенија.