КРВАВА СВАДБА ВО ЈОРДАН: Младоженец застрелан од гостин кој славел со калашников (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младоженец (20) од Јордан загинал на својата свадба кога бил погоден од заскитан куршум.

Иако трагедијата се случи на 30 август, видеото од инцидентот деновиве почна да кружи на социјалните мрежи.

На видеото може да се види како еден гостин цело време игра и пука во воздух, но во занесот во еден момент малку го спуштил оружјето.

Гостинот невнимателно повторно почнал да пука, а еден куршум го погодил младоженецот во градите и кој веднаш паднал на подот.

Младоженецот набрзо потоа починал. Гостинот кој пукал во него веднаш бил уапсен, а полицијата му го одземала оружјето.

https://twitter.com/i/status/1704718535736344998

останати вести