Маж од Бразил бил изеден од пирани по судар на бродови на река во Амазонија.
Џони Хозе Силва да Луз (38) во саботата возел чамец на реката Кујаба кога се судриле два брода со пет лица. Тројца патници се спасени, додека две лица се водат како исчезнати.
Телото на несреќниот маж било пронајдено следното утро со траги од каснување од пирани.
Осакатените останки биле извлечени од водата и ставени на еден од чамците за спасување. Сопругата на жртвата била една од тројцата преживеани. Патникот од другиот брод, Вагнер Силва, се уште се води како исчезнат и се претпоставува дека е мртов.
Бразилската морнарица соопшти дека испратила тим за пребарување и спасување на местото веднаш штом дознале за несреќата.
– Нуркачите се уште го бараат телото на Вагнер Силва – соопшти морнарицата.
Властите го ограничиле пристапот до областа додека трае истрагата.
Во ноември 2021 година, човек (30) бил изеден од пираните откако скокнал во езерото за да избега од рој пчели. Еден човек ловел риба со двајца пријатели на брегот на езеро во Бразил кога биле на удар на инсектите.