Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 го совлада Данил Медведев во финалето на УС Опен, трофејот му го посвети на легендарниот НБА играч, Коби Брајт кој му беше добар пријател.
По маратонскиот втор сет, Ѓоковиќ одигра уште еден релативно лесен сет, го доби со 6-3 и дојде до победа од 3-0.
Ова за Ѓоковиќ беше 24. грен-слем титула, тоа е бројот кој на дресот го носеше легендарниот Коби Брајнт. Турнирот се играше во САД, се поклопија сите коцки и Новак му ја посвети оваа победа нему.
По крајот на мечот Ѓоковиќ облече маица на која пишуваше Мамба засекогаш, го имаше бројот 24 и слика од двајцата големи шампиони.
https://twitter.com/i/status/1701019226402853292
„Коби ми беше близок пријател. Зборувавме многу за победничкиот менталитет кога јас имав проблеми со повреди и се обидував да го направам мојот камбек. Тој беше еден од луѓето на кои можев најмногу да се потпрам, секогаш беше тука за совет. Тоа што им се случи на него и неговата ќерка ме погоди длабоко. 24 е дресот кој го носеше кога стана легенда на кошарката. Ова беше симболична работа да му се оддаде признание за сите работи кои ги направи“, рече Ѓоковиќ по мечот.