Како бомба одекна веста дека српската пејачка Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ќе се разведат. Сепак, пејачката не чекаше многу да ја појасни целата ситуација, во која таа е во главната улога.
„Со мојот брак е се во ред. Не се грижете. Лоши луѓе, лоши намери. Сето тоа ќе им се врати како бумеранг. Нападот на моето семејство го сфаќам сериозно. Не е ни прв а ни последен пат. Среќен Божик на сите што го слават“, напиша ЈК на својот Инстаграм профил.