СКАНДАЛ НА ЈУ-ЕС ОПЕН: Навивачи тргнаа да го тепаат Троицки на меч помеѓу Србин и Хрват (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Непријатна сцена се случи на натпреварот од првото коло од квалификациите за „Ју-Ес Опен“ помеѓу Хамад Меѓедовиќ (Србија) и Борна Гоја (Хрватска), откако помеѓу вториот и третиот сет дојде до вербален конфликт меѓу двајца американски навивачи со Виктор Троицки, тренерот на српскиот тенисер и поранешен 12. играч во светот.

Воинствените фанови постојано го провоцираа Меѓедовиќ, по што Троицки, кој воедно е и селектор на Дејвис куп селекцијата на Србија, им потенцира да не го прават тоа, по што еден од навивачите го нарече Троицки „кловн“ и му рече: „Ова е Њујорк, а не Србија!“

Виктор остана со ладна глава, а двајца навивачи подоцна беа исфрлени од трибините. Меѓедовиќ, сепак, не го издржа притисокот од трибините и на крајот загуби од Гоја со 5-7, 7-6, 4-6).

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com