Поранешната сопруга на Џеред Брајдиген, еден од директорите на „Microsoft“ кој од заседа бил убиен од професионален убиец, во петокот била обвинета за убиство со умисла, а обвинителите на Флорида за неа бараат смртна казна.
Големата порота ја обвинила Шана Ли Гарднер за ликвидацијата на Џеред Брајдиген од заседа, рекла државната обвинителка на Флорида Мелиса Нелсон за новинарите во Џексонвил.
Државата бара смртна казна не само за Шана Ли Гарднер, туку и за нејзиниот нов сопруг Марио Фернандес Салдана, кој бил уапсен во март и обвинет за смртта на Брајдиген.

Салдана бил уапсен откако професионалниот убиец Хенри Артур Тенон ја признал вината за тешко убиство на Брајдиген, покажуваат судски документи.
Обвинителката Нелсон не изнела што довело до апсењето на Шана Ли Гарднер, ниту кој бил мотивот за убиството, но рекла дека обвиненијата против неа укажуваат на нејзината централна и клучна улога во убиството.

Брајдиген, татко на четири деца вработен во „Microsoft“, упаднал во заседа на 16-ти февруари 2022-ра година. Полицијата соопштила дека сè додека возел на патот налетал на гума, и кога излегол да ја премести бил застрелан неколку пати.
Гарднер се омажила за Салдана во 2018-та година и се преселила во Вашингтон.
Истрагата открила дека Гарднер и Брајдиген имале лош развод и дека убиениот имал многу недоразбирања и со Гарднер и со Салдана.