Виенската полиција трага по сторителот или неколку од нив по три напади врз бездомници, од кои два завршиле фатално, пишува денеска агенцијата dpa.
Последната жртва, 55-годишен маж, пронајден минатата недела на улица со расекотини и убодни рани, починал вчера, извести денеска полицијата. Минатиот месец, на 12 јули, 56-годишен маж бил пронајден избоден до смрт на клупа во парк.
Десет дена подоцна, 51-годишна жена која престојувала во паркот била слично нападната, но преживеала. Полицијата смета дека едно или повеќе лица се одговорни за трите напади врз бездомници.
Хуманитарните организации отворија дополнителни прифатилишта за ноќевање на бездомниците.