Во саботата вечер се случил инцидент на белградскиот аеродром “Никола Тесла“.
При влегувањето во авинот на летот ЈУ374 од Белград за Цирих, едно седмогодишно дете извикало “бомба“, што во минување го слушнала една од стјуардесите, па ја активирала “безбедносната процедура“.
Со одлука на капетанот на авионот детето заедно со татко му кои требало да патуваат за Цирих, биле исфрлени од листата на патници за летот.
По 40 минути закаснување авионот полетал од Белград за Цирих.