Шест ученици и возач загинаа во сообраќајна несреќа на северот на Индија кога школски автобус излета од патот во провалија.
Како што е соопштено, возачот и тројца ученици на возраст од пет до 14 години загинале на лице место, а три деца им подлегнале на повредите во болница. Полицијата соопшти дека се повредени уште 12 ученици.
Причината за несреќата сеуште не е позната.
Инаку, на патиштата во Индија секоја година гинат околу 150.000 луѓе, најчесто поради не внимание при возењето, поради лошите патишта и густиот сообраќај.