Еден патник почина утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ додека чекал да си го земе багажот.
Како што е објавено на социјалните мрежи, на несреќниот човек наеднаш му се слошило во делот за земање багаж на аеродромот и лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал безуспешно.
Според неофицијални информации, семејството на починатиот го чекало на аеродромот.
Како што пренесува „Телеграф“, станува збор за патник од Чикаго.