Непријатните искуства со кражба на автомобили или пак со кражба на вредни предмети од автомобилите во Грција зачестија ова лето. Поради тоа, туристи од балканот честопати објавуваат фотографии од „обиени“ коли, а сега и со совети како да се заштите.
Деновиве во една од групите на Фејсбук стигна предупредувањето до оние кои одмораат во Грција, пренесуваат српските медиуми.
Во групата на Фејсбук „Во живо од Грција“, Сузана го сподели искуството на туристка на која два пати и го пробиле автомобилот додека била на одмор. Меѓутоа, додека некои се шетале, други Грци и пришле на помош и и објасниле за што всушност се работи.
„Добро попладне, ова го пишувам како предупредување до сите возачи на автомобили КИА, но не само од таа марка.
Бевме во Ханиоти, на јавен паркинг (улица) како и многу коли на тоа место, а нашиот автомобил „КИА Цеед“ двапати беше обиен.
Првиот пат помисливме, ок, дојдоа по пари, но ништо не најдоа. Вториот пат кога го најдовме прозорецот полуотворен, веќе бевме загрижени и се пожаливме на рецепција. Тогаш од хотелот ни рекоа дека КИА-ите се најкрадените автомобили и не пуштија во дворот, каде што не е дозволено паркирање. Ви благодарам многу за тоа.
Сега видов вест на група дека во Солун е украдена „КИА спортаж“ и сфатив дека ова морам да го напишам за сите луѓе кои планираат да го посетат тој регион. Поздрав“, стои во објавата на Сузана.
Луѓето во коментарите беа загрижени поради зголемениот број на кражби на автомобили, а имаше и такви кои како возачи на автомобилите „КИА“ одморот го поминаа без никакви непријатни ситуации.
„Го паркирам мојот Kia Sportage каде било во Полихроно, никој никогаш не го допрел. Можеби не е интересна црвена боја“, гласи еден коментар.
Дека ваква ситуација се случувала и претходните години, објаснува господинот во својот коментар.
И додека некои се прашуваа зошто автомобил од оваа марка, двајца Срби објаснија како најлесно да се одбраните од крадци.
„Поставувањето на еден скриен прекинувач чини 25 евра, OBD-шифрата околу 50 евра. Не сметајќи ги зедерите и поскапите заштитни мерки“, „Затоа кога паркирам го вадам моторот и го ставам во багажникот, нека го склопи ако вреди“, напишаа тие.