ОВЕН
Контактите кои ги градевте во изминатиот период полека ќе почнат да носат нови шанси. Внимавајте на односот со соработниците. Не ја покажувајте нервозата и не избрзувајте. Доколку сте невработени, очекувајте помош од пријател. Денес е можен ненадеен прилив на пари. Доколку сте слободни можно е да добиете порака од една бивша љубов. Овните што се во подолга врска треба да внимаваат на својот темперамент и да не го провоцираат партнерот.
БИК
Многу работи ќе почнат да ве враќаат во минатото. На некој начин ќе треба да сфатите дека ќе треба да довршите се она што не е довршено. Некои врати повторно ќе се отворат, но некои неочекувано ќе се затворат. Внимавајте на трошоците и не вложувајте поголеми суми. Доколку сте во брак или подолга емотивна врска, обидете се да се држите настрана и да не го нервирате партнерот со неумесни забелешки. Ако сте слободни, денес е можна порака преку социјалните мрежи.
БЛИЗНАЦИ
Соработниците ќе го засилат темпото, а вам ќе ви биде тешко да се приспособите. Овие денови ќе имате потешкотии со комуникацијата и нема да можете да објасните што навистина сакате. Можни се непланирани трошоци што ќе треба да ги контролирате. Ако сте во подолга врска или брак, не се обидувајте да објасните нешто што не можете. Партнерот упорно се држи до она што го замислил и не попушта. Ако сте сами, можно е познанство и почеток на нова авантура.
РАК
Почнувате да се соочувате со тешкотии на работното место. Освен со нервози, соочени сте и со некои ненадејни опструкции. Внимавајте на односот со колегите, но и со претпоставените. Денес ќе морате да платите некои заостанати долгови. Колку и да се трудите, нема да можете да избегнете некои ненадејни трошоци. Ако сте слободни, можно е да стапите во контакт со личност која е постара од вас или се однесува сериозно. Ако сте во брак, денес ќе имате мирен ден.
ЛАВ
Бидете внимателни и се што работите проверете повеќе пати. Доколку работите на место каде што имате контакт со луѓе, бидете многу дисциплинирани и строго почитувајте ги правилата. Секој пропуст може да ви донесе голема штета која ќе се одрази на вашите финансии. Ако сте слободни, во моментов повеќе ви одговараат врски кои не ве обврзуваат. Повеќе сакате да флертувате и да се дружите отколку да размислувате за нешто сериозно. Можен е контакт преку социјалните мрежи.
ДЕВИЦА
Доколку работите со странство или со странци, една започната работа ќе добие ненадејно забрзување и можност да се заврши на заедничко задоволство. Финансиите ви се добри, но вие се уште не сте задоволни со приливите. Денес е можен прилив од хонорарна работа. Ако сте сами, постои можност да му се вратите на бившиот партнер или барем да се сретнете и да обновите некои стари спомени. Доколку сте во брак, очекувајте мирно попладне.
ВАГА
Наместо да внимавате да не дојдете во конфликт со колегите, внимавајте какви врати ви се отвораат. Ќе се појави прилика која не се пропушта. Зграпчете ја и наградете се себеси за долгогодишната истрајност. Моменталната финансиска ситуација не ве задоволува, но во следниот период се можни поголеми промени. Ако сте сами, можно е нешто ново и непредвидливо. Очекувајте познанство со личност која ќе ве освои со својот шарм и невообичаено однесување.
СКОРПИЈА
Вашето однесување ги иритира колегите. Тие сметаат дека нешто криете и постојано сте под лупа. Доколку сте невработени, очекувајте известување во врска со некоја работа која веќе сте ја заборавиле. Финансиската ситуација е променлива и ќе треба да почнете да размислувате за дополнителна работа. Партнерските односи ви се топло-ладно. Колку и да се обидувате да игнорирате некои постапки на партнерот, тој сепак успева да ве повреди. Размислете како понатаму.
СТРЕЛЕЦ
Денес се можни неколку состаноци кои ќе ви отворат некои нови врати. Време е да направите некои дополнителни потези за да почнете да ги менувате работите. Ако работите во некој медиум, денес е можно да се почувствувате одговорни поради некои забелешки од страна на претпоставените. Ако сте слободни, денес очекувајте изненадување. Една личност која одамна ви се допаѓа ќе се обиде да стапи во контакт со вас. Очекувајте почеток на нешто возбудливо.
ЈАРЕЦ
Многу размислувате и многу пати се прашувате дали сте на вистинскиот пат. Идеите што ги имате на моменти ве плашат и не ви дозволуваат добро да го согледате решението. Денес е можен разговор со еден постар човек што ќе ви каже нешто што ќе биде од голема полза. Ако сте сами, престанете да живеете во минатото и вратете се во сегашноста. Минатото само ве измачува и ви ги затвора сите врати. Доколку сте во брак, бидете претпазливи и добро чувајте ги тајните.
ВОДОЛИЈА
Постои можност да направите ненадеен потег кој ќе ви овозможи да ја подобрите финансиската ситуација. Вам не ви пречат изненадувањата и се она што е невообичаено умеете да го искористите и да го претворите во пари. Внимавајте со пријателите. Не се се сите искрени колку што мислите. Партнерот почнува да се повлекува и престанува да ве малтретира со своите барања. Ако сте слободни, моментално повеќе сакате да се забавувате отколку да влегувате во нешто сериозно.
РИБИ
Иако има уште многу до годишните одмори, вие се чувствувате заморено. Постојано сте во центарот на некои случувања кои влијаат на вашата енергија. Не го губете трпението и бидете внимателни. Можно е да изгубите шанса која долго ја очекувате. Ако сте сами, повторно ќе стапите во контакт со една личност од минатото. Колку и да ви се чини дека ништо не е сменето, времето ќе покаже дека многу работи помеѓу вас се различни. Бидете внимателни.