Хрватската полиција во Истра утринава околу 6 часот и 5 минути од Итна медицинска помош добила пријава дека на дете во Медулин му е потребна лекарска помош.
И покрај напорите на здравствените работници, детето починало и е пренесено во болницата во Пула на обдукција, јавува Глас Истре.
Полициски службеници ги утврдуваат околностите на настанот. Петгодишното девојче е државјанин на Чешка, кое живеело со родителите во Медулин. Тие беа лоцирани во поширокиот центар на градот.
Утрово нешто пред 6 часот била повикана итна помош бидејќи на детето му се слошило, а тие веќе побарале лекарска помош поради здравствените проблеми на девојчето. По пристигнувањето на брзата помош и покрај вонредните напори на лекарите и применетите реанимациски процедури, на девојчето за жал не и била укажана помош и била констатирана смрт.
Портпаролката на ПУ на Истра, Сузана Сокач, изјави дека е отфрлено секое сомневање за насилна смрт и кривично дело.