Пожар го проголта најголемиот термо аква парк во Словенија. Паркот се наоѓа во гратчето Подчетртек, близу границата со Хрватска.
Според информациите од Управата за заштита и спасување, пожарот избувнал вчера нешто по 17 часот. Први пристигнале пожарникарите на доброволните противпожарни единици кои не успеале да го локализираат пожарот.
Како што информираат од ПУ Целје, зградата на хотелот се запалила, но засега немаат информации дали станува збор за станбен дел или за магацин.