Исчезнат млад човек од Хјустон, бил пронајден жив во саботата со исеченици и модринки по целото тело, откако исчезнал како тинејџер пред осум години, соопштија локалните власти и семејството, пренесоа американските медиуми.
Тексаскиот центар за исчезнати лица соопшти дека Руди Фариас (25), кој беше пријавен за исчезнат во 2015 година кога имал 17 години, конечно се вратил кај своето семејство.
Фариас исчезна додека ги шеташе своите две кучиња во близина на семејната куќа. Центарот објави дека тој ден кучињата се вратиле дома, но Фариас не. Младиот човек сега е во болница откако случајни минувачи го забележале онесвестен пред црквата, изјавила неговата мајка, додавајќи дека и тој имал исеченици и модринки во косата.
Неговата мајка дополнително потврдила дека нејзиниот син е во „сериозна состојба“ психички и физички, но била благодарна што се вратил. Во времето на неговото исчезнување, Фариас страдал од депресија, постраутамтско пореметување и анксиозност, објави Тексас EquuSearch во 2015 година.
„Можно е да е дезориентиран затоа што не ги земал лековите“, изјавија од организацијата тогаш кога почнаа потрага по Фариас. Години пред да исчезне, неговиот брат загинал во сообраќајна несреќа со мотор, соопшти семејството во 2015 година.
„Го гледаше неговиот најдобар пријател како умира пред него“, рече Бренда Парадајс, приватен истражител ангажиран од семејството, во 2015 година.
Директорот на Texas EquuSearch, Тим Милер, рече дека го смета најновиот развој за чудо.
„Како се случи ова? Ние веруваме во чуда и ова секако беше чудо“, рече Милер. „Не можам ни да ви кажам колку пати баравме и колку траги и совети стигнаа, а тој едноставно исчезна и одеднаш, ова.”
Милер, исто така, рече дека многу прашања остануваат отворени сега кога Фариас се врати.
„Има многу да се истражи за да се види што се случило, каде се случило, како се случило“, рече тој.