Момчето (13) кое на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет свои другари и чуварот на училиштето Д.В., а рани шест лица, во установата во која престојува често се распрашувало колку луѓе убил и го интересирало во каква здравствена состојба е момчето кое е на лекување во Чикаго затоа што тоа му е најдобар пријател.
Во болница – како дома
Како што српски „Курир“ дознава, момчето во психијатриската установа во која е сместено често прашува кога ќе може да се најде на слобода.
„Праша неколку пати колку луѓе починале, тоа не знае. Сигурен е само за чуварот затоа што се вратил да „провери“, како што вели, него не сакал да го убие, но почнал да паничи“, вели извор за „Курир“ и додава:
„До детаљ раскажа како се одвивал цел настан, а рече и дека му е жал за еден другар“.
„Криво ми е што пукав во најдобриот другар, не сакав во него. Многу се грижам дали ќе биде добро“, рекло во еден од разговорите во установата, а најдобриот другар за кој зборува е момчето за кое лекарите се борат за закрепнување затоа што засега не ги мрда нозете и една рака.
Крвав план
Според зборовите на соговорникот на „Курир“, полицијата ја обезбедува установата во која се наоѓа момчето и комуницира со
вработените во истата.
„Знам дека сум во болница, но не гледам некаква разлика меѓу дома и болница. Единствено што е поразлично е што не можам да излезам и што имам чувари“, рекло момчето.
Него, покрај тоа што го интересира колку луѓе усмртил, го интересира и како ќе биде казнет.
„Како ќе бидам казнет, колку долго ќе бидам тука? Слушнав дека за ова во Америка би добил смртна казна“, рекло момчето.
Како што веќе пишувавме претходно, момчето до детаљ го испланирало крвавиот поход и тоа неколку седмици однапред, а константно повторувало дека никој не му помогнал во ништо и дека сè смислил и направил сам.
Таткото е во притвор
Неговиот татко моментално се наоѓа во притвор и тоа затоа што после масакрот на момчето откриено беше дека нелегално и на неадекватен начин го чувал оружјето и експлозивните материјали, а блокирани се имотите и на двајцата родители за да не се обидат да направат бегство или некое друго дејство додека трае истрагата.
Судот одредил да се попишат и одземат сите пари, накит и хартии во вредност од мајката кои се наоѓаат на сите домашни адреси, станови сметки, односно сефови и да се приложат на сметка на јавниот обвинител.