Коста Кецмановиќ, 13-годишникот кој уби девет соученици и еден чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград е сместен на опсервација и психијатриско лекување во здравствена установа. Неколку пати го менувал однесувањето, но она што вчера го прашал ги оставило лекарите во шок, пишува српска Република.
Тој побарал некој да му ја скрати косата.
– Само одеднаш им се обрати и им рече: „Повикајте некој да ми ја скрати косата! Не ми се допаѓа како изгледам”. Сите беа шокирани – вели добро информиран извор за српска Република.
Момчето изговара поими кои не им се познати ни на некои возрасни, а камоли на децата.
– Во текот на разговорот со експертите изговара зборови кои се чудни за едно момче. На пример, не вели апсење, туку лишување од слобода, а наместо „убивање“ вели „елиминирање на жртвата“. Кога зборува за оружје ги користи зборовите калибар, ги знае скоро сите марки пиштоли и пушки и каков калибар се тие, која муниција со кое огнено оружје оди – објасни извор запознаен со случајот и додаде:
– Исто така, вели дека се „разоружал“, а не „го спуштив пиштолот“ или „го оставив пиштолот“, што би било соодветно за дете, па дури и за човек што не се занимава со професијата. Наместо да каже „пукав“, тој вели „отворив оган“. Тоа е сосема нетипично за дете.
Меѓутоа, пред неколку дена го променил расположението и станал многу понервозен. Сѐ почесто поставувал прашања за тоа кога ќе биде ослободен. Тој уште не покажува каење за тоа што го сторил.