Дваесетгодишен Британец почина кога изгубил свест и паднал во базен во ноќен клуб во познатото грчко одморалиште Закинтос.
Персоналот на хотелот го забележал човекот со лицето надолу во базенот и веднаш повикал спасител. Спасувачките екипи пристигнале и се обиделе да го оживеат, но безуспешно.
Трипати се обидовме да го оживееме, но немаше начин. Спасувачките екипи потоа го однеле во болница. Сите сме во шок. Со овој бизнис се занимавам 40 години и првпат се случува вакво нешто, изјавил сопственикот на клубот, кој се наоѓа во склоп на хотелот.
Ова не е единствената трагедија што се случила во ова познато одморалиште. На почетокот на овој месец 64-годишен британски турист беше пронајден мртов на плажата.
Мажот бил пренесен во Општата болница во Закинтос, каде што подоцна била констатирана смрт.
Според извештаите, во моментот на инцидентот немало спасител на плажата.