На социјалните мрежи повторно кружи акцијата за спасување на девојчето од Србија кое лебдеше на гума за пливање во облик на еднорог во Ханиотис, Грција. Пред две години, тригодишно девојче беше однесено од морските струи на километри далеку од брегот, а беше спасено од екипаж на траект.
Истата ситуација се случи и денеска во Ханиотис, Грција, кога ветер однесе двегодишно момче од Србија на повеќе од два километри од брегот додека било на гумен чамец, објавено е во група на Фејсбук, пишува „Курир“.
Неколку луѓе, меѓу кои и родителите, залудно пливале за да стигнат до момчето, бидејќи детето се повеќе се оддалечувало од брегот. На крајот, оддалеку се гледала само точка.
По 30 минути агонија и повикување на помош од сите присутни во тој момент, маж на скутер дошол до детето и го извлекол на брегот.