Хрватскиот атлетичар Дино Бошњак, на Европското екипно атлетско првенство во Полска, направи фер-плеј потег, кој ќе ја обележи годината.
Словенечкиот репрезентативец Вид Ботолин за малку ќе се онесвестеше на крајот на трката на 5.000 метри. Ботолин се сопна, падна и стана за да ја заврши исцрпувачката трка.
Наместо да ја мине целта, Бошњак застана и му помогна на Ботолин. На видеото се гледа како Бошњак го држи Ботолин и буквално го внесе преку целта. Бошњак ја освои претпоследната позиција, додека Ботолин беше дисквалификуван. Хрватот заврши последен бидејќи му помогна на друг спортист.
Бошњак е член на Атлетскиот клуб од Горица и повеќекратен шампион на Хрватска и на Балканот.
https://twitter.com/i/status/1671961039846383621