Наталија Јокиќ два пати се најде на насловната страница на „Новости“. Пред 28 години и овие денови. Првиот пат како бебе, а деновиве како сопруга на најдобриот кошаркар, Никола Јокиќ-момчето од Србија кое го прослави Денвер и ги помести границите на спортот. Новинарите на Новости се „сретале“ со Наталија на денот на прогонот на Србите од Краина.
Беше 6. август 1995 година. Натлија е во прегратките на мајка си, бегаат од операција „Олуја“. Топол ден. Тенка е линија меѓу животот и смртта пред стариот мост на Сремска Рача. Добиваме вести: бегалци од Краина не можат да влезат во Србија. Веста се прошири како заразна. Луѓе исцрпени на долго патување без храна, вода. Без надеж за враќање, паднаа во очај. Не ги пуштаат да одат напред, нема каде да се вратат назад. Зад нив и останаа домовите во пламен. Гробовите останаа зад нив. Во колона недалеку од мостот кон Семберија мајки со деца. Старци со замрзнати солзи. Синовите останаа да ја бранат Краина…Вака била опишна сликата во времето на војната и распадот на Југославија во Новости.
Меѓу сите нив и малта Наталија, тогаш Маќешиќи, а сега Јокиќ. Се слушал детскиот плач од истрошеното „југо“, млада жена која го гушка своето бебе. Девојчето се уште не пиело млеко од шише, а мајката од стрес го загубила своето мелко. Мајката и бебто го поминале патот од Вељун кај Сљун до Рача, одејќи во колона и надевајќи се на спас.
„Ние сме Маќешиќи. Ова е Маја, има три и пол години. А ова е Наталија, седум месеци. Прво родено бебе во Краина“, рекла мајката Даница. Таа се обидувала да ја заспие малата Наталија. Таа се нишала во рацете на мајка си која била слаба од товарот. “ Ова е наше второ бегство. Живеевме во Карловац. Кога веќе немаше живот таму, побегнавме во Слуњ. Сега пак бегаме, а не знаеме каде. Знаеме дека нема враќање назад. Ако Србија не не сака, некој, некаде, ќе не прифати, претпоставувам. Малата Наталија го вперила погледот во објективот на камерата. За малку ќе заплачела, додека сестра и Маја држела колачи во рацете.
Следниот ден, 7 август, во „Вечерњи новости“ на насловна страница ја објавија фотографијата на мајката Даница и нејзините девојчиња која го прикажува сиот ужас на прогонетитот народ пред мостот на Сремска Рача. На таа фотографија е мало бебе во прегратките на мајка си која бега од „Олуја“ , а денес е сопруга на славниот кошаркар, столб на семејството, како што вели за неа нејзиниот Никола.