Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Мажите избегнуваат да бараат здравствена заштита сé додека не мораат. Скоро половина мажи одат на доктор само кога се екстремно болни или кога симптомите не исчезнуваат сами по себе. Повеќе од половина мажи не биле на доктор претходната година.
Здравјето на мажите вклучува различни специфични прашања – производство на хормони, рак, депресија и анксиозност, сексуално здравје, зголемена веројатност за ризично однесување (прекумерно пиење алкохол, прекумерно пушење цигари, опасно возење).
Почести здравствени проблеми кои се јавуваат:
– висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести
– висок холестерол, замастен црн дроб
– инсулинска резистенција и дијбетес тип 2
– дебелина
– еректилна дисфункција
– болки во мускули и зглобови, болки во грбот.
Доколку со превентивните прегледи се фатат рано, ефикасно може да се третираат и потенцијално смртоносни состојби.
Со годините, мажите поминуваат низ различни промени. Во тек на 20- и 30-тите мажите се во својот физички подем, созреваат. Во текот на 40- и 50-тите опаѓа производството на тестостерон, мускулната маса почнува да се губи, се намалува енергијата, стануваат посклони кон зголемување на телесната тежина. Се зголемува ризикот за висок крвен притисок, дијабетес и срцеви заболувања.
Производството на тестостеронот почнува да опаѓа во 40-тата, никогаш целосно не престанува, но со возраста се намалува. Простатата може да почне да се зголемува, да се јави потешко губење на тежината или стекнување мускулна маса, се намалува активноста, се намалува потребата од калории, хранливите материи не се апсорбираат како во младоста, може да почнат да губат коса.
Плодност – способноста на мажите да произведуваат здрава сперма и да се размоножуваат е важен дел од сексуалното здравје. Има лекови и додатоци кои може да влијаат на плодноста и на либидото, да спречат или намалат ејакулација.
Лекови кои влијаат на тестостеронот:
– третман со тестостеронска терапија
– анаболни стероиди
– производи за губење на косата
– лекови за канцер, хемотерапија
– опијати
– ТХЦ во марихуианата
– обилно консумирање на алкохол.
Проблеми со простатата која може да почне да се зголемува по 40-тата, еректилна дисфункција.
Еластичноста на кожата се намалува, се губи колагенот во клетките, се јавуваат брчки.
Како што фоликулите стануваат постари се јавува губење на косата; генетиката игра голема улога.
Начинот на размислување се менува.
Потешко справување со стресот.
Метаболизмот се менува, успорува.
Артритис може да се јави поради трошење на телото додека старее, истрошеност на ‘рскавицата.
Полесно се јавуваат болки, повредите бараат подолго време за опоравување, потешко е градењето на мускули.
Канцерот на кожата станува сé почест со возраста.
Болест на непцата е почеста во 40- и 50-тите.