Во белградската населба Чукарички синоќа е претепано 17 годишно момче Н.С. Според првите резултати на истрагата, покажуваат дека малолетникот го нападнале неколку лица.
Имено, според српските медиуми, еден од напаѓачите го удрил со запалена баклја преку јакната, а младото момче е пренесено во Ургентен центар каде му се констатирани тешки повреди.