Единаесетмесечно бебе е пронајдено живо откако поминало 35 часа на ниски температури во урнатините на станбената зграда во рускиот град Магнитогорск, која вчера беше уништена во експлозија на гас.
Бебето беше пронајдено кога еден спасувачите го слушнал како плаче, објави агенцијата „Интерфакс“.
Видео снимката која беше објавена од Министерството за вонредни ситуации покажува како еден од спасувачите со бебе во розови чорапи трча кон возилото на брза помош.
Властите кажаа дека бебето со име Иван се наоѓа во многу тешка состојба, бидејќи има скршеници и повреди на главата и страда од хипотермија, откако температурите во новогодишната ноќ се спуштиле и до -20 степени. Детето беше превезено во болница во Москва и лекарите се борат да го спасат.