Во Полициската станица Неготино денеска во 2.20 часот23-годишниот Т.Н. од Неготино пријавил дека во ноќен бар лоциран на улицата “Ацо Аџиилов“ бил физички нападнат од страна на Г.С.(22) од селото Тимјаник и бил удрен со стаклено шише.
Полицијата информираше дека се направени сите проверки за расчистување на случајот, и да се открие зошто се случил инцидентот