Eден од членовите на трофејната генерација на југословенската кошарка од 70-тите години на минатиот век, Дамир Шолман почина на 75-годишна возраст по долга и тешка болест.
Шолман е најдобрито стрелец на Сплит во историјата со 5.783 поени, а со Југославија двапати беше шампио нна светот и двапати освојуваше средбрен медал. Со репрезентацијата на Југославија во 1968 и 1976 година стигна до второто место на Олимписките игри како капитен.
Исто така беше еден од најзаслужните кошаркари за првата светска титула на Југославија во 1970 година. Вкупно за Југославија собра 226 настапи и постигна 1.785 поени.
Со Југопластика стигна до финалето на Купо на победниците на куповите во 1973 година. Беше светски вицешампион во 1974 година, а во 1973 и 1975 шампион на Европа.