Персонален фитнес и кондиционен тренер Душан Проковиќ
Да се вежба или не за празниците!? Најголемата дилема со која се соочуваме овие денови. Да се биде активен овој период е навистина тешко, имајќи ја во предвид набиената агенда од забави и средби од една и прекраткото слободно време од друга страна е причина дополнително да ја забетонира и онака слабата волја и мотивација за вежбање. Овој период е исто така критичен и за оние кои се повеќе време активни. Збогатената домашна трпеза, традиционалните кафански дружења, забавите навечер може многу лесно да ве исфрли од формата и редот кои го поседувате, а со тешки маки сте го стекнале во годината што поминала.
Што да направите ?
Прво имајте на ум дека ваквите празнични денови се одлични за активен одмор , односно одличен период за телото да може да се одмори, но не во буквална смисла затоа повторувам “активен одмор” . Во таа смисла во овој период излезете од рутината која сте ја стекнале и фатете се за нешто што ќе ви преставува забава, а истовремено да вежбате.
Најнапред, направете листа од планираните забави и средби што ги имате, најдете време кај што ќе можете да одвоите за да бидете активни, второ, повикајте пријател или повеќе пријатели, пробајте да дадете иницијатива и усогласете ги активностите. Секако ви треба идеа , што би можеле да правите. Еве неколку идеи:
* Искористете ги бенифитите од времето, појдете со друштвото, пријателите на планина, ако знаете да скијате измајмете скии, доколку не знаете, земете санка па потсетете се како тоа сте го правеле кога сте биле деца. Верувајте во вакви услови ќе потрошите многу калории.
* Проверете го воздухот, ако е чист, слободно излезете и прошетајте, трчајте , бидете иницијатор соберете го друштвото и направете да ви биде интересно, потсетете се на некоја игра од детството и слободно опуштете се, верувајте одлично ќе си поминете. Докажано е дека и возрасните ги чуствуваат бенифитите од детската игра.
* Посетете СПА Центар и базен, искористете ги бенифитите, рекреативното пливање, сауната и топлите бањи дополнително ве опуштаат и смируваат, а со тоа и опоравувањето на телото и мускулите станува поефикасен.
* Земете ја вашата партнерка и појдете во најголемиот трговски центар во регионот на шопинг, верувајте најмногу ќе потрошите, а истовремено нема да ви досадно.
За крај, претпазливо со благите работи и алкохолот, особено за оние кој пред новогодишните празници биле на посебен ред во исхраната. Важно е да се напомене дека алкохолот негативно влијае врз протеинската синтеза во мускулите, го подржува катаболизмот и го отежнува опоравокот кој треба да следи, дополнително го оптеретуваме организмот, наместо да го одмориме и релаксираме. Доколку претераме со алкохолот верувајте тоа ќе влијае и на вашата форма, едноставно ќе ве врати неколку чекори назад. Зголеменото и неконтролирано внесување на шеќери го стимулираме телото да лачи големи количини на инсулин кој е анаболен хормон и неговата функција е да го складира вишокот на шеќери во вид на масно ткиво, па да не ни биде чудно ако качиме некои килограм повеќе. Затоа, немојте да ги потценувате празничните денови, смислете некоја идеа и реализирајте ја, бидете активни. СРЕЌНА НОВА 2019 ГОДИНА.