Како што дознава „Независен весник”, убиен е 64-годишниот сопственик на локалот М.С, но засега нема информации за убиецот.
„Сопственикот бил избоден до смрт со нож по кратка расправија со напаѓачот. Мотивите засега не се познати. Полицијата и јавен обвинител извршија увид и локалот е заштитен со полициска лента“, пишува Независен весник.
Од охридската полиција го потврдуваат настанот, но во моментов, како што рекоа за весникот, не можат да дадат подетални информации.
„Денеска во 17.20 часот телефонски во полициската станица во Кичево е пријавено дека во угостителскиот објект Гурман е пронајден прободен со нож сопственикот на објектот. Смрт е констатирана од итна медицинска помош. На местото на настанот се излезени полициски службеници и јавен обвинител. Увидот е во тек. Засега не можеме ништо попрецизно да споделиме со јавноста”, ни изјави вечерва портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски