“Тренерот на сите тренери“, како што го нарекуваа Хрватите“легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ почина утрово во Загреб по долга и тешка борба со карциномот.
Едно од најголемите фудбалски имиња во Хрватска и балканскиот регион, ден пред својот 88-ми роденден, засекогаш го напушти овој свет по долгата и измачувачка борба со карциномот на простатата.
Блажевиќ засекогаш ќе остана запаметен како тренерот кој ја однесе Хрватска до светска бронза во 1998 година. Зад себе ја остави сопругата Зденка со која има три деца, ќерките Барбара, Катерина и синот Мирослав.
Роден е во Травник, БиХ, во 1935 година во сиромашно семејство со вкушно шест браќа и сестри. Во Травник ја почнал и фудбалската кариера, а потоа се пресели во Динамо Загреб. Играше и за Локомотива, Ријека, Сараево и Сион, а кариерата ја заврши во швајцарски Моутие во 1966 година.