„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши”, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства
Ваквата информација е објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.
Според сведокот, ангажирани се преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.
Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.
Македонските граѓани кои поседуваат бугарски пасоши откако изби аферата за загрижени дали ќе ги изгубат пасошите.