Докторката Маријана Ковачевиќ одиграла клучна улога во опоравувањето на Новак Ѓоковиќ за Австралијан опен. Без неа, шансите Новак да продолжи со учеството на турнирот биле речиси минимални.
Мистериозната докторка направила многу за опоравувањето на српскиот ас од повредата која го доведе во прашање неговото учество на турнирот. Дури во некои моменти имаше и значително поголеми шанси Новак да не издржи и повредата да биде посилна…
Маријана Ковачевиќ стана позната како докторка која им помага на најголемите ѕвезди во спортот, брзо да закрепнат и што побрзо да се вратат на терен. Кај неа за краток период се опоравувле Кристијано Роналдо, Робин ван Перси, Франк Лампард, Џон Тери, Дејан Станковиќ, Алексис Санчез и многу други светски ѕвезди.
„После моите третмани мускулот е целосно нов. Нема траги на повреди. Поради тоа што мускулот е нов – нема лузни, сенки, фиброза, нема можност да дојде до рецидив на повредата, тоа е долга ставка на револуционерната метода. По завршувањето на терапијата, се прави снимка за да се провери тоа. Значи, поентата е да се дојде до целосна регенерација на мускулот“, изјавила докторката.
После овој третман закрепнувањето значително пократко трае.
„Терапиите се толку силни што еден час терапија заменува една седмица лекување со било која друга метода на светот. Значи, доколку кажат дека мора еден месец да се мирува, јас проблемот го решавам за четири часа“, објаснила Маријана.
Инаку, како што пишуваат медиумите во соседството, целиот трошок на Ѓоковиќ за пристигнувањето на Маријана со сите билети, сместување, документи и трошоци за терапија ќе изнесува повеќе од 50.000 евра.
Не е исклучено „наградата“ да биде побогата, со оглед на крајниот резултат кој беше повеќе од фанатичен.
Инаку, кога станува збор за редовно лекување кај д-р Маријана (10 терапии), според информациите објавени во медиумите, цената е околу 5.000 евра.