БАЛКАНОТ СЛАВИ: Новак Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ се закити со неговата 10. титула во Австралијан опен, односно 22. гренслем-титула во кариерата, откако во финалето во Мелбурн беше подобар од Гркот Стефанос Циципас со 3-0 во сетови, односно 6-3, 7-6 и 7-6.

Ѓоковиќ тргна одлично во првиот сет и направи брејк во четвртиот гем (3-1), по што беше сигурен на свој сервис за да го добие сетот со 6-3.

Голема борба се водеше во вториот сет, каде што Гркот имаше брејк и сет шанса во 10. гем, но Ѓоковиќ успешно се одбрани, по што избори тај-брејк во кој беше подобар со 7-4.

Грчкиот тенисер направи брејк на стартот на третиот сет, но Ѓоковиќ веднаш врати во следниот гем (1-1), по што повторно победникот се решаваше во тај-брејк, каде што Србинот беше подобар со 7-5.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com