Најскапиот билет за овој дуел ќе чини најмалку 2,6 милиони долари. Станува збор за специјална влезница наречена „остварување на соништата“, која е ставена на аукција која завршува денеска. Најголемата понуда во моментов ја има саудискиот бизнисмен Мушреф Ал Гамди, кој е генерален менаџер на групацијата за недвижнини „Акаруан“, пренесува „Марка“.
Со оваа влезница се добива можност да се биде долу на теренот на доделувањето признанија, но и лично да се запознае со Роналдо и Меси, но и многу други поволности.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и селекцијата на фудбалери од првенството на Саудиска Арабија ќе ги спротивстави Меси и Роналдо за првпат по 2020 година, кога Јувентус на Кристијано ја победи Барселона на Аргентинецот со 3-0 во Лигата на шампионите.