Првиот човек на ФФФ се најде под силни критики на француската јавноста по дадените навредливи коментари за легендата Зинедин Зидан. Тој се извини, но бурата продолжува откако агентка Сонија Суид излезе со сериозни обвинувања.
Таа раскажа како Ноел ле Грае и испраќал голем број на покани за вечера и говорни пораки доцна во вечерта со кои ја канел на шише шампањ.
Се започнало кога претседателот на Фудбалската федерација на Франција ја поканил Сонија Суид да се запознае со Брижит Енрикес, главната на францускиот женски фудбал. Но кога се појавила на состанокот, Брижит Енрикес ја немало никаде а на масата имало две чаши со шампањ.
„Тогаш имав 28 години, тој имаше 72 години. Немаше почит кон мене како агент, ме гледаше како бомбонче. Да се изразам на повулгарен начин, ме гледаше како две цицки и газ. Кога се појавив, имаше две чаши шампањ, и кога стана јасно дека Брижит нема да се појави, тој ми рече, „Знаеш, па таа и не ни е потребна“. Не сакав ниту да ја допрам чашата, се плашев дека можеби има нешто во неа… Имав слушнато многу приказни“ – раскажува Сонија Суид.
Таа потоа додава: „Еднаш, мојот претседател ми стави јасно до знаење дека за моите идеи да се остварат, ќе треба да завршам во кревет со него… бев шокирана“.
Во една од пораките кои и ги испратил, пишувало: „Го пијам третото шише шампањ, ако дојдеш ти, ќе отворам и четврто“.