Словенечките медиуми пренесуваат дека премиерот Роберт Голоб е во врска со 20 години помладата мисица и телевизиска водителка Тина Габер.
Во минатото, словенечки премиер се обидувал да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но откако двапати бил виден со поранешната мисица, почнале да кружат гласини за нивната врска.
Имено, 55-годишникот и 35-годишната телевизиска водителка и претприемачка Тина Габер неодамна биле забележани на божиќен концерт во Ватикан, а биле „уловени“ и во трговскиот центар Икеа, пренесува „24ur“.
Камерите на италијанската телевизија ја снимиле двојката на божиќниот концерт во Ватикан, а Габер бил забележан и претходно на прославата на победата на Движењето за слобода на изборите.
Според неофицијални информации, поранешната мисица и премиерот се познаваат преку нејзината сестра Уршка Габер, која моментално работи во кабинетот на премиерот.
Голоб сè уште не ги коментирал медиумските наводи, а од кабинетот на премиерот не ја потврдуваат врската, велејќи дека не го коментираат неговиот приватен живот.
Премиерот претходно бил во брак со Јана Немец, но минатата година беше објавено дека се разведуваат и дека премиерот ќе продолжи да живее сам со децата. Тина Габер е поранешна Miss Hawaiin Tropic и поранешна партнерка на словенечкиот пејач Јан Плестењак.